Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се избира нов главен обвинител за истраги против корупцијата
Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи кандидатот на претседателот за главен државен обвинител, изјави денеска премиерот Петер Маѓар, што се смета за значаен чекор во настојувањата на премиерот да ги преорганизира јавните институции по изборната победа во април. Именувањето нов главен државен обвинител е клучен дел од борбата на Маѓар против корупцијата, која ја нарече „Операција чистилиште“.
Откако во мај ја презеде власта, партијата на Маѓар од десниот центар смени од клучните јавни функции неколку лица поставени од поранешниот премиер Виктор Орбан. Меѓу нив се главниот државен обвинител, претседателот на Уставниот суд, раководителот на телото за надзор на медиумите и претседателот на државата.
Поранешниот главен државен обвинител Габор Балинт Наѓ поднесе оставка во јули. Маѓар денеска на Фејсбук објави дека пратеничката група на неговата партија ќе го поддржи новиот кандидат за главен државен обвинител Петер Фејеш, кого го предложи претседателот Андраш Бака.
Фејеш (66) минатата година замина во пензија по кариерата што во целост ја мина во државното обвинителство. Специјализиран е за кривично право, право на Европската Унија и спортско право. Главниот државен обвинител се избира со мандат од девет години, а за избор е потребна поддршка од двотретинско мнозинство во парламентот – праг што партијата на Маѓар може да го достигне самостојно.
„Тиса“ претходно го одби првиот кандидат што за оваа функција го предложи претседателот Бака. Под водство на Маѓар, Унгарија исто така се приклучи кон Европското јавно обвинителство (EPPO) и ја основа Националната канцеларија за заштита и враќање на имотот, чија задача е да ја истражи корупцијата за време на шеснаесетгодишното владеење на Орбан – обвинувања што поранешниот премиер ги отфрла.
Маѓар тврди дека корупцијата, меѓу другото и злоупотребата на јавните средства, последниве години ги чинела Унгарците меѓу осум и десет проценти од БДП. Двајца поранешни министри од владата на Орбан, како и поранешниот гувернер на централната банка Ѓерѓ Матолчи, беа уапсени под обвинение за корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…
Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…
Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…
Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…
Европската комисија предложи одблокирање 4,2 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека предложила одблокирање…
Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…
Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…