Унгарија најави откажување од руските енергенси до 2027 година
Унгарија планира да се откаже од руските енергенси, изјави министерката за надворешни работи на земјата, Анита Орбан.
„Европската Унија утврди јасен рок за постепено откажување од рускиот природен гас – есента 2027 година“, рече Орбан.
Според неа, Унгарија бара алтернативни извори на снабдување, бидејќи на 21 ноември истекува рокот на привременото изземање од американските санкции, кое ѝ овозможуваше да купува енергенси од компаниите „Лукоил“ и „Роснефт“.
Таа истакна дека унгарската компанија МОЛ веќе ја разгледува можноста за увоз на гориво од други добавувачи преку хрватската компанија „Јадрански нафтовод“ (ЈАНАФ).
Советот на Европската Унија во јануари усвои регулатива за постепено укинување на увозот на руски течен природен гас и гас што се испорачува преку гасоводи.
Забраната за увоз на течен природен гас врз основа на краткорочни договори стапи во сила на 25 април, додека за долгорочните договори ќе важи од 1 јануари 2027 година. Забраната за увоз на гас преку гасоводи ќе стапи во сила на 17 јуни 2026 и на 1 ноември 2027 година, во зависност од видот на договорот.
Русија во повеќе наврати оцени дека западните земји направиле сериозна грешка со откажувањето од купување руски енергенси, предупредувајќи дека на тој начин ќе станат зависни од други извори на снабдување, кои би можеле да бидат поскапи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија најави откажување од руските енергенси до…
Унгарија планира да се откаже од руските…
Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…
Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…
Светска банка предупредува на нов бран поскапувања…
Цените на енергенсите во светот годинава ќе…
Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…
Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…