Мајката на Заниоло е загрижена: Претходно го навредуваа само фанови на Лацио, а сега и на Рома!
Мајката на Заниоло, Франческа Коста ја изрази својата фрустрација и загриженост за актуелната ситуација во која се наоѓа нејзиниот син.
Сите во Рома се гневни на однесувањето на Николо Заниоло и фановите и сопствениците на клубот, па доколку фудбалерот не си замине денеска, во наредниот период го очекува пекол.
Сите се гневни затоа што Заниоло две години од договорот беше повреден, па се очекуваше да покаже многу поголема почит кон клубот, но наместо тоа тој не само што одби да го продолжи договорот, туку побара да си замине. А кога дојде прифатлива понуда за Рома, ја одби.
Заниоло сега трипи навреди од фановите на Рома, неговата мајка реагираше на ваквата ситуација.
„Пред ова го навредуваа само фанови на Лацио. Сега го навредуваат и навивачи на Рома. Катастрофа“, вели мајката на Заниоло.
„Не сакам да молчам, но неговиот агент ни рече да не кажеме ниту збор и поважно, Николо има речиси 24 години, тој е маж и знае сам да се брани. Не сум му потребна јас“.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…