МАЈОР КАЛМИКОВ ВО 1878: Јас сум назначен за водач на македонските востаници, писмата без Македон, ќе ви бидат враќани – тоа име нема да загине!
Денеска се навршуваат 144 години од Македонското востание дигнато во Кресна во Пиринска Македонија на кое Бугарија му го менува името во Кресненсо-Разлошко со цел да се избегне „македонско“ во идентитетот на востанието.
Сведоштво за ова е објавено на страницата за историја на Фејсбук Macedonia : a True Endless Story… која објавува документи и теми од историјата на Македонија.
Во продолжение целата објава:
Адам Калмиков, 1878 г.: Писмата без „Македон”, ќе ви бидат враќани. Тоа име нема да загине!
Горноџумајскиот огранок на бугарскиот комитет „Единство“ сакал да го избегне името Македонија и неговите изведенки.
Писмо – „ Добиено на 11 октомври – До Џумајскиот македонски комитет!
По волја на народот и на војската, јас сум назначен да бидам водач на македонските востаници. Јас го назначив Димитрија П. Георгиев да биде начелник на штабот, а тоа им го соопштив на сите комитети. Вие се стегате да напишете ‘од Македонскиoт комитет’. Тоа име нема да загине, и поради тоа изјавувам дека без зборот ‘Македон’, вашите писма ќе бидат враќани назад. И, ве молам изестете ги сите комитети.
9 октомври 1878 година
А. Калмиков “
Адам Калмиков е руско-казачки мајор и воен водач во Македонското кресненско-разлошко востание од 1878 – 79 г.
Комитетот „Единство“ е велико-бугарска организација основана 1878 г., во Велико Трново, со ограноци во повеќе градови. Целта на комитетот е припојување на Тракија и цела Македонија кон новосоздадената бугарска држава. Затоа и го помагаат Македонското востание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…