МВР: По сообраќајката кај Сити мол сторителот е приведен во полициска станица

t

Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на јавен обвинител кој ја води истрагата за сообраќајката кај Сити мол сторителот е приведен во полициска станица, земени се крв и урина за утврдување на тоа дали има присуство на алкохол и опојни дроги, што е стандардна процедура во вакви случаи.

Инаку вчера после 19 часот на пешачки премин загина 24-годишна девојка, а зад воланот било 22-годишно момче.

Како што соопшти МВР во сообраќајна несреќа починала женско лице откако во неа удрило возило управувано од Ј.Ѓ. (22), кратко ни одговорија од МВР додека се уште се врши увид на лице место.

Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „Цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди.

Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш.

  • Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место, рекоа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…

Тошковски се огласи за Груби: МВР има…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…

Од МВР го потврдија грабежот на банка…

Околу 13 часот е пријавен обид за…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

(Видео) Тошковски со детали за трите акции…

Во изминатите денови МВР во координација со…