Објавено на:

МВР предупредува: Лажни СМС пораки за сообраќајни казни

t

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и Одделението за сајбер безбедност, упати итен апел до јавноста предупредувајќи за нова, зачестена форма на сајбер измама преку која непознати лица се обидуваат да изнудат пари од граѓаните преку лажни сообраќајни прекршоци.

Од полицијата детално ја објаснуваат шемата на измамничката мрежа. Имено, измамниците испраќаат пораки до македонски корисници од странскиот телефонски број **+639606963624**. Во пораката, граѓаните лажно се известуваат дека имаат неплатен сообраќаен прекршок и од нив се бара веднаш да го платат преку оставената веб-врска.

Веб-страницата кон која води линкот – http://mvr.govmk.cam/mk– е лажна и намерно е дизајнирана да наликува на официјалниот сајт на МВР. Откако корисникот ќе кликне на линкот, од него се бара да ја внесе регистарската табличка од своето возило. По внесувањето, системот го пренасочува кон нов прозорец каде што се прикажува лажен регистриран прекршок и се бара итна наплата во износ од 1.500 денари преку платежна картичка. Целта на измамниците е да ги украдат податоците од банкарските картички на граѓаните за нивна понатамошна злоупотреба.

„Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб-сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба“, стои во соопштението на МВР.

Дополнително, Секторот за компјутерски криминал ги повикува граѓаните и правните субјекти воопшто да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи кои пристигнуваат од непознати и неверификувани испраќачи, со цел да се заштитат од ваквиот тип на финансиски измами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР предупредува: Лажни СМС пораки за сообраќајни…

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за…

Почина новинарот Рамуш Муарем Цирко – еден…

Македонската јавна сцена и новинарската заедница изгубија…

СЗО презема итни мерки по појавата на…

Светската здравствена организација презема итни мерки по…

Косовар и префрлил 18 илјади евра на…

Косовар и префрлил 18 илјади евра на…

Трамп: Иранските сили ќе бидат „избришани од…

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран…