Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија (РЕМ) донесе одлука со која ѝ забрани на телевизијата „Информер“ во Србија да ја емитува утринската програма на период од седум дена поради прекршување на законот за изборната кампања. Имено, според одлуката водителката на „Информер“ го изразила својот политички став за време на предизборната кампања, со што, според Советот, ги прекршила правилата што важат за давателите на медиумски услуги за време на изборната кампања. Утринава одлуката почна да се спроведува. Гледачите на телевизијата „Информер“ утрово ги дочека пробна слика со логото на телевизијата наместо вообичаената утринска програма.
Драган Вучиќевиќ, уредникот на ТВ „Информер“, вчера соопшти дека телевизијата добила одлука од Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) со која се забранува емитување на емисијата „Прва инфо“ и слични програмски содржини без оглед на евентуалните промени во насловот, терминот на емитување или други околности преку кои содржината би можела да се идентификува.
Според Вучиќевиќ, мерката се однесува на временскиот интервал помеѓу 7 и 8 часот и 30 минути наутро.
Денеска во 10 часот, закажана е нова седница на Советот на РЕМ, свикана за одлучување по претставки што се однесуваат на законски прекршувања, вклучително и оние што ја засегаат телевизијата „Информер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…