МВР: Приведен возач од СОЗР, примил мито со обележани пари
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека бил приведен возач во Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) која е дел од Владата.
За возачот, додаваат од полицијата во одговор за „360 степени“, имало поднесено пријава од граѓанин и по неа постапувале Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за корупција при МВР во координација со јавен обвинител.
Вработениот Д.Ц. бил затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство.
Одговорот од МВР доаѓа откако во јавноста се проширија информации дека станува збор за возачот на владиниот генерален секретар Игор Јанушев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Приведен возач од СОЗР, примил мито…
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат…
(Видео) Техеран: Оштетивме американски носач и разурнувач,…
Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти…
Од 15 до 30 минути се чека…
На Граничниот премин Богородица, времето на чекање…
СДСМ: Мито земаат дури и возачите на…
СДСМ преку соопштение реагираше по информацијата дека…
Борба против криминал е апсење на вработен…
Колегите од СДС очигледно ги помешале лончињата.…