СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски– затоа ова е Организирана криминална група

t

СДСМ преку соопштение реагираше по информацијата дека возач на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, бил приведен под сомнение дека барал мито, при што партијата упати сериозни обвинувања до власта.

Од СДСМ велат дека случајот покажува оти, како што тврдат, „сите земаат мито, дури и возачите на Владата“, додавајќи дека станува збор за „организирана криминална група“.

„Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон и стандарди, цела Влада ќе беше уапсена“, наведуваат од СДСМ.

Од опозициската партија дополнително тврдат дека дел од полицијата ја врши својата работа, но изразуваат сомнеж дека и овој случај би можел да заврши со ослободување, како што, според нив, се случило и со случајот со телохранителот на премиерот.

СДСМ отвора и прашања за улогата на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, во случајот со сомнението за барање мито од страна на неговиот возач.

„Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?“, прашуваат од СДСМ.

Засега, овие наводи претставуваат политички тврдења на опозициската партија, а за евентуалната одговорност и улогата на инволвираните лица треба да одлучуваат надлежните институции. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…

(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…

Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…

(Фото) Сообраќајка пред влезот на Клиничкиот центар…

До нашата редакција пристигнаа фотографии од сообраќајна…

Рудниците ги полнат локалните буџети: Речиси една…

Рударските општини во Македонија располагаат со сè…

Велес со нов рекорд: Направена пита долга…

Со сечење на џиновска пита долга 4,4…