МВР со детали за вчерашното пукање во Козле: Познат идентитетот на ранетиот

Инфомакс вчера вечер ексклузивно објави дека на улицата “Миле Поп Јорданов” имаше пукање во угостителски објект.
Ваквата информација ја потврди МВР од каде објавија дека:
На 21.08.2022 во 19.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Миле Поп Јорданов“ (подрачје на Карпош) пред угостителски објект имало повредено машко лице од оружје.
Потоа тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Според пријавеното, прво настанала расправија во угостителскиот објект помеѓу Б.Ѓ.(44) од Скопје од една страна и К.Г., кој бил заедно со уште едно лицe, од друга страна.
Потоа, според пријавеното, расправијата продолжила надвор од објектот, при што К.Г. пукал со пиштол кон Б.Ѓ..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…