Објавено на:

Меланија Трамп повика на трајно примирје во Украина

t

Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска повика на „трајно“ примирје во Украина, за време на прес-конференција во Белата куќа, на која присуствуваа руски и украински претставници, пренесе АФП, повикувајќи се на БТА.

„Сега мора да ја покажеме истата храброст што ја покажавме во Олешки, за да најдеме заеднички јазик. Заедно можеме да изградиме нешто потрајно од привремен прекин на огнот“, изјави Меланија Трамп на прес-конференцијата, организирана по воспоставувањето примирје во украинскиот град Олешки, окупиран од руските сили, во чие постигнување таа посредувала.

„Се надевам дека Олешки ќе биде инспирација за поширок мировен процес. Секоја вистинска промена започнува со мала искра“, додаде првата дама на САД.

„Примирјето во Олешки немаше да биде возможно без претседателите Владимир Путин и Володимир Зеленски. Нивната соработка создаде значаен преседан за напредок на мирот во регионот“, рече сопругата на Доналд Трамп.

Благодарение на овој прекин на огнот, „создаваме динамика во која двете страни учат за малите механизми што во практика помагаат во зачувувањето на мирот“, изјави украинскиот преговарач Давид Арахамија.

„Во име на претседателот Путин и народот на Руската Федерација, сакаме да ѝ се заблагодариме на првата дама Меланија Трамп за нејзината извонредна улога во справувањето со хуманитарната ситуација во Олешки“, изјави рускиот пратеник Кирил Дмитриев.

Примирјето траеше шест дена и заврши во неделата вечерта. Тоа овозможи евакуација на жителите на овој град на фронтовската линија во Херсонската област. Патиштата што водат до него се минирани, градот е изложен на вкрстен оган од руските и украинските дронови, а со месеци се соочува и со сериозен недостиг од основни резерви.

Според написот, ова е најдолгото примирје од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

Ниту Киев ниту Москва не пријавиле прекршување на договорот, за разлика од други прекини на огнот, особено оние за време на православниот Велигден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…