Зеленски и додели орден на Меланија Трамп за хуманитарната евакуација од Олешки
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама на САД, Меланија Трамп, и додели Орден на принцезата Олга од прв степен за нејзината улога во организирањето на минатонеделната хуманитарна евакуација од Олешки, град на линијата на фронтот, се наведува во денеска објавената одлука.
Претседателската одлука од 2 ноември го истакнува нејзиниот „значаен личен придонес“ во хуманитарната помош за Украина и нејзината работа за помош на украинските деца, вклучително и оние депортирани или присилно раселени од териториите под руска окупација.
Одликувањето – Орден на принцезата Олга од прв степен – се доделува на жени кои дале исклучителен придонес во областа на науката, образованието, културата и добротворната работа.
Украинските власти соопштија дека Меланија Трамп одиграла клучна улога во организирањето на шестдневниот прекин на огнот, што овозможи евакуација на цивилите од градот Олешки во јужна Украина, што е под руска окупација.
Примирјето заврши во неделата.
Ова е најдолгиот локален прекин на борбите од почетокот на руската инвазија во 2022 година, во кој ,според Меланија Трамп, евакуирани беа речиси 800 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…