Мелони забранува носење на бурки и никаби во училиштата, ќе се ограничи бројот на странски ученици

t

Италија се подготвува да го забрани покривањето на лицето во училиштата и да го ограничи бројот на странски ученици во едно одделение, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони, пренесува Анадолу.

„Наскоро на владина седница ќе биде претставена мерка со која законски ќе се утврди максималниот дозволен број странски ученици во едно одделение. Со неа од родителите на странските ученици кои имаат сериозни тешкотии со интеграцијата во училишниот систем ќе се бара да го учат италијанскиот јазик, а ќе се забрани и носењето бурки и никаби во училиштата. Ако во одделението има само едно дете кое не разбира италијански, тоа веројатно ќе успее да го научи јазикот и брзо да се интегрира со помош на соучениците и наставниците. Но, ако бројот на деца кои не го разбираат јазикот стане голем, или тие дури се мнозинство, тогаш тоа повеќе не е интеграција, туку занемарување“, рече Мелони.

Сепај, таа не прецизираше колкав би бил максималниот дозволен број странски ученици во едно одделение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелони забранува носење на бурки и никаби…

Италија се подготвува да го забрани покривањето…

Италија: Дронот што го соборивме над Литванија…

Италија соопшти дека дронот што италијански борбен…

Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…

Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…

Кими Антонели победник на ГН на Италија:…

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели е сензационалниот…

Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…

Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…