Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел и САД за нападот врз Иран
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и САД врз Иран.
„Нема причина ние, дури ни јас лично, да го критикуваме она што Израел го започна пред една недела, ниту пак има причина да го критикуваме она што САД го направија минатиот викенд“, рече Мерц на настан организиран од германската индустриска лоби група БДИ, објави Ројтерс.
Како што истакна тој, тоа не било без ризик, но оставањето на работите какви што биле исто така не било опција.
Мерц рече дека е очигледно оти Иран е на пат кон создавање нуклеарно оружје.
„Доказите дека Иран продолжува по патот на изградба на нуклеарно оружје повеќе не можат сериозно да се оспоруваат“, нагласи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американската војска тестирала 50 функционери на детектор…
Некои од највисоките американски воени функционери биле…
Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…
Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…
Израел изведе напади во јужен и источен…
Најмалку три лица загинаа, а 23 се…
Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…
Белата куќа на својот официјален сајт претстави…
Кадиров повторно се заканува со освојување на…
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно даде остри…