Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики во Германија поради високите трошоци
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики во Германија доколку компанијата и работничкиот совет не постигнат договор за значително намалување на трошоците, изјави денеска Михаел Шибе, шефот за производство во Mercedes.
„Нашата јасна цел е да ги задржиме сите локации во Германија“, рече Шибе на состанок со вработените во фабриката во Зинделфинген, но предупреди дека доколку не се намалат трошоците, компанијата ќе мора да затвори „една германска фабрика за склопување возила и една германска фабрика за производство на погонски системи“, според извештаите на медиумите.
Со оваа изјава, Mercedes официјално ги потврди претходните предупредувања од раководството во врска со можноста за затворање на фабрики. Уште во јуни, компанијата објави дека треба да ја зголеми продуктивноста во Германија поради послабите деловни резултати во Кина и повисоките царини во САД. Како мерка за намалување на трошоците, раководството на Mercedes бара подолго работно време за иста плата – предлог што работничкиот совет го отфрли. Според германските медиуми, компанијата бара од работничкиот совет да се укине 35-часовната работна недела и работното време да се зголеми на 38 часа неделно.
На состаноците со вработените во германските фабрики, раководството укажа на значителната разлика во трошоците меѓу Германија и Источна Европа, предизвикана од повисоките плати, пократкото работно време и повисоката стапка на отсуства поради боледување. Од Mercedes наведуваат дека трошоците во нивната фабрика во Кечкемет, Унгарија, се за 70 отсто пониски отколку во Германија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…