Објавено на:

Меси станува сопственик на второлигаш во Шпанија

t

Лионел Меси е пред нов голем чекор во фудбалскиот бизнис. Аргентинската суперѕвезда постигнала принципиелен договор за преземање на шпанскиот второлигаш Елденсе, пренесуваат медиуми од Аргентина и Шпанија.

Меси треба да ги преземе сите акции кои ги поседува мнозинскиот сопственик TH Soluciones Group SAS, кој го купи клубот во октомври минатата година.

За договорот да стане официјален, потребно е одобрение од Високиот совет за спорт на Шпанија (CSD).

Ова нема да биде прва инвестиција на Меси во шпанскиот фудбал. Во април тој го презеде Корнеља, клуб кој настапува во петтиот ранг.

Аргентинецот воедно е фудбалер на Интер Мајами, а се очекува во иднина да добие и сопственички удел во американскиот клуб. Така, Меси постепено гради сериозно портфолио во фудбалскиот бизнис и додека сè уште активно игра, веќе започнува да ја гради својата иднина надвор од теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…

Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…

Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…

Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…

Резеврите на злато, кои се дел од…

Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…

Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…

Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…