Меси станува сопственик на второлигаш во Шпанија
Лионел Меси е пред нов голем чекор во фудбалскиот бизнис. Аргентинската суперѕвезда постигнала принципиелен договор за преземање на шпанскиот второлигаш Елденсе, пренесуваат медиуми од Аргентина и Шпанија.
Меси треба да ги преземе сите акции кои ги поседува мнозинскиот сопственик TH Soluciones Group SAS, кој го купи клубот во октомври минатата година.
За договорот да стане официјален, потребно е одобрение од Високиот совет за спорт на Шпанија (CSD).
Ова нема да биде прва инвестиција на Меси во шпанскиот фудбал. Во април тој го презеде Корнеља, клуб кој настапува во петтиот ранг.
Аргентинецот воедно е фудбалер на Интер Мајами, а се очекува во иднина да добие и сопственички удел во американскиот клуб. Така, Меси постепено гради сериозно портфолио во фудбалскиот бизнис и додека сè уште активно игра, веќе започнува да ја гради својата иднина надвор од теренот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини,…
Велешанецот кој е пријавен за измами со…
Калас: Америка ја принудува Украина да се…
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја…
(Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на…
Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина…
„Живеевме под советска чизма, не го сакаме…
Стотици граѓани протестираа во вторникот вечерта пред…