Мета и Пендаровски побараа деблокирање на процесот за членство во Европската Унија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Македонија.
Според соопштението од Кабинетот на претседателот, на средбата се разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што е изразено задоволство од нивниот позитивен развој преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво.
На средбата е констатирано дека Република Македонија и Република Албанија, преку посветеноста на добрососедските односи, даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива.
Двете држави, исто така, како сојузници во НАТО, даваат свој придонес и во одбраната на вредностите на евроатлантската заедница.
Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, според соопштението, двајцата претседатели ја констатираа потребата за деблокирање на процесот и скорешен почеток на пристапните преговори на двете држави за членство во Европската Унија, што според нив, ќе има позитивен придонес за севкупниот напредок и стабилноста на регионот.
Претседателот Пендаровски упати честитки по повод изборот на Република Албанија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации во периодот 2022-2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се работи на инвестиција на нов гасовод…
Сите влади работат во специфични услови зашто…
Македонија на 85-то место на светскиот индекс…
На меѓународниот индекс за перцепција на корупцијата…
Вучевиќ: Македонија и Албанија имаат нула поени,…
Македонија и Албанија имаат нула поени, а…
Добро утро со Инфомакс: По патот на…
Во чест на големиот македонски револуционер, апостол…
Албанската армија влегува во Косово: Ќе помагаат…
Војници и возила на албанските вооружени сили…