МЕТЕО: Променливо облачно и студено со сончеви периоди
Од УХМР известуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време, со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата, согласно информациите од Управата за хидрометеоролошки работи.
И во вторник, во некои области, дневните температури ќе останат под нулата, но од среда ќе биде забележан постепен пораст. Од средината на седмицата, во котлините можат да се очекуваат услови за појава на магла.
Времето ќе продолжи да биде променливо облачно со сончеви периоди. Ветерот ќе дува слаб до умерен од северозападен правец.
До четврток, утринските температури ќе варираат од -2 до -14 степени, додека дневните ќе бидат во опсег од -1 до 10 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…
Извршниот комитет на Движењето за силата на…