Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за претседател на Србија

t

Извршниот комитет на Движењето за силата на Србија едногласно одлучи да го предложи српскиот тајкун Богољуб Кариќ на главниот комитет на движењето за кандидат на претстојните избори за претседател на Србија, пренесоа српските медиуми.

Движењето чиј основач е Кариќ ѝ честиташе на Студентската листа за победата на парламентарните избори и изрази почит кон демократски изразената волја на граѓаните.

Во соопштението, движењето наведува дека „претседателските избори претставуваат можност за сериозна дискусија за иднината на Србија, улогата на претседателот на Републиката и потребата од надминување на политичките и социјалните поделби“ и дека „е потребно помирување кое нема да ги укине политичките разлики, туку ќе овозможи нивно решавање преку дијалог“.

Извршниот одбор смета дека „Србија мора да гради најдобри можни односи со сите свои соседи, особено преку негување на традиционалните семејни, културни и економски врски меѓу народите кои со децении живеат во заедничката југословенска држава“.

„Животното и меѓународното деловно искуство на Кариќ, познавањето на економските процеси и посветеноста на дијалогот претставуваат значајна основа за неговиот предложен претседателски ангажман, особено во областите на национално помирување, меѓународна соработка и поттикнување на економскиот развој на Србија, во рамките на уставните надлежности на претседателот на Републиката“, смета Извршниот одбор.

Нагласено е дека Кариќ, „како бизнисмен кој со децении гради деловни и човечки врски низ целиот Балкан, е посветен на надминување на историските и политичките поделби, меѓусебно почитување и заеднички економски напредок“.

Во соопштението, движењето додаде дека „е отворено за разговори со сите политички организации, здруженија и граѓански иницијативи кои ја делат посветеноста на мирот, демократскиот дијалог, националната одговорност, семејната безбедност и економскиот развој, а можната политичка соработка ќе биде предмет на посебни дискусии и договори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ