Мечка Снимена како трча во близина на Градскиот парк во Битола
Снимена е мечка како трча низ улицата Македонска фаланга кај Градскиот парк во Битола и објавена на социјалните мрежи. Снимките презивикаа вознемиреност кај битолчани зашто паркот е доста фреквентно место, често посетено и од родители со мали деца и пензионери, а на истата улица каде беше снимено животното се наоѓаат и Средното медицинско училиште и Техничкиот факултет, а во непосредна близина и средношколскиот дом „Мирка Гинова“.
Мечката веројатно била снимена синоќа. Станува збор за поголемо мече кое трча по патот додека зад него вози автомобил.
Од СВР Битола велат дека случајот е пријавен кај нив, а од Општината дека контактираат со надлежни иснтитуции за да бидат преземени соодветни мерки.
Со години отстрелот на мечки е забранет со закон поради што овие диви животни се намножија во планинските предели околу Битола. Ова не е првпат мечка да се симне во градот. Во мај 2022 беше снимена како трча низ населбата Буковски ливади.
Според член 11 од Законот за дивечот и ловството, мечката е заштитен вид и нејзиното ловење е строго забрането. Дополнително, член 14 од истиот закон трајно ја забранува можноста за лов на мечки, без исклучоци. Според Кривичниот законик, ловењето дивеч под заштита, како што е мечката, се казнува со затворска казна од една до пет години. За да има хајка, потребно е надлежните државни органи да проценат дека животното претставува опасност за луѓе, населени места и добиток или предизвикува големи штети, па да се дозволи и организира отстрел.
Во меѓувреме, државата плаќа големи отштети на граѓани кои тужеле за претрпени штети од мечки, а судот ги осудил животните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мечка Снимена како трча во близина на…
Снимена е мечка како трча низ улицата…
Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му возврати на лидерот…
Опасен воздушен инцидент над Црното Море: Руски…
Нова безбедносна криза над Црното Море ја…
Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не…
Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето…
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно…
Времето утре, на повеќе места ќе биде…