Милановиќ: Времињата се ужасни
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека времињата се ужасни и дека „живееме во недели и години на насилство, дивјаштво, газење и презир кон меѓународното право и норми, и тоа од оние кои најмногу се повикуваат на нив“.
„Времињата се ужасни. Хрватска во овие времиња, можеби по прв пат во историјата, ужива во позицијата, среќа е што се наоѓа на релативно мирно и безбедно место“, рече Милановиќ синоќа на свечена седница на Општинското собрание во Вела Лука.
Милановиќ порача дека денес Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не дозволи да биде заведена од никакви големи фрази и слогани за солидарност со било кого, или за помош на ова или онаа страна.
„Да се водиш според тоа да не изневериш некои темелни човечки принципи, начела и поставки – тоа за Хрватска треба да биде водечка линија“, додаде Милановиќ.
„Хрватска, како ретко кога во историјата, има можност да се фокусира на себе, на своите работи и исклучиво од таа перспектива треба да носи одлуки. И да се надева дека оваа бура и ова време на зло ќе помине, дека ќе дојдат подобри времиња. А до тогаш, се држиме заедно“, порача претседателот, пренесе Хина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милановиќ: Времињата се ужасни
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека времињата…
Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска –…
„Од пет пријавени кандидати за нов член…
Фридом хаус: Македонија останува „делумно слободна“ земја,…
Македонија и годинава останува „делумно слободна“ земја…
Оман: Вашингтон ја изгуби контролата, време е…
Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр…
Хегсет: Европските сојузници се неблагодарни
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави…