Фридом хаус: Македонија останува „делумно слободна“ земја, Србија и Бугарија со најголем пад во регионот

t

Македонија и годинава останува „делумно слободна“ земја според нивото на граѓански слободи и политички права, покажува последниот извештај на „Фридом хаус“ „СЛОБОДА ВО СВЕТОТ“, кој се однесува на 2025 година.

Исто како лани, Македонија има индекс на слобода кој изнесува 67 од највисоката можна вредност од 100 што како и претходната година, значи дека нема пад, но нема ни видлив пробив.

– Северна Македонија „продолжува да се бори со корупцијата, медиумите и граѓанското општество учествуваат во енергичен јавен дискурс, новинари и активисти се соочуваат со притисоци и заплашување.

Според извештајот земјите од Западен Балкан и натаму се заглавени меѓу изборна демократија и слаби институции. Корупцијата, притисоците врз медиумите и кревкото владеење на правото остануваат заеднички проблем за речиси целиот регион.Во „делумно слободни“ земји се Црна Гора (69), Албанија (68), Косово (60), и Босна и Херцеговина (52).

Србија е меѓу земјите каде што Фридом Хаус забележа најголем пад на слободите во текот на претходната година. Тие го имаат петтиот најголем пад, заедно со Бугарија и Соединетите Американски Држави.

Најголем пад во 2025 година е забележан во Гвинеја-Бисао, Танзанија, Буркина Фасо, Ел Салвадор, Мадагаскар и Грузија.Фридом Хаус, исто така, наведува дека последните две децении на демократски пад влијаеле на широк спектар на права и слободи, но дека слободата на медиумите, слободата на лично изразување и фер судските постапки претрпеле најголема штета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…