Објавено на:

Хегсет: Европските сојузници се неблагодарни

t

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави дека денес Соединетите Американски Држави ќе го извршат најголемиот бран напади врз Иран досега, наведувајќи дека воздушната одбрана и воената индустрија на Иран веќе се сериозно погодени, со порака дека воената акција „оди според планот“ и дека крајот на војната „ќе биде по избор на претседателот“.

„И денес, како и вчера, ќе биде спроведен најголемиот пакет на удари досега, рече Хегсет во обраќањето во врска со ситуацијата во Иран, пренесува британски Индепендент.

Тој изјави дека американските воени операции се прецизно насочени и се одвиваат во согласност со планот, нагласувајќи дека воздушната одбрана на Иран е неутрализирана, додека воено-индустриската база на земјата е во голема мера уништена.

Хегсет додаде дека американските сили потопиле повеќе од 120 ирански воени бродови.

Според него, сите 11 ирански подморници биле уништени.

Во исто време американскиот министер Хегсет денес изјави дека европските сојузници се „неблагодарни“ и треба да му се заблагодарат на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за водењето војна против Иран, оценувајќи дека Техеран претставува директна закана за глобалната безбедност.

Зборувајќи на прес-конференција, Хегсет, рече дека светот треба да му се заблагодари на Трамп за, како што изјави, храброста да се запре земја која користи терор и ракети за да го држи светот како заложник, а истовремено развива или се обидува да развие нуклеарно оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Почина хрватската новинарка, писателка и колумнистка Ведрана…

Хрватската писателка и новинарка Ведрана Рудан почина…

Москва му се заканува на Лондон по…

Москва го предупреди британскиот владин врв за…

Цела ноќ се гаснеше огнот во прилепско…

Цела ноќ тим од доброволци на Дирекцијата…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…