Министерот Шаќири: Квалитетното образование е приоритет на Владата – Инклузивноста е еден од столбовите на реформата во овој сектор

t

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска, по повод Меѓународниот ден на Ромите, имаше средба со пратеничката Љатифа Шиковска и со Елвис Мемети, советник на премиерот за ромски прашања. Честитајќи го празникот, Шаќири нагласи дека висок приоритет на Владата и на Министерството е обезбедувањето на квалитетно образование за секое дете.

– Инклузивноста е еден од столбовите на реформата на образованието. Затоа, преку различни форми на поддршка ја подобруваме вклученоста на децата од ромската заедница во училиште и го намалуваме напуштањето на воспитно-образовниот процес. Наша цел е да изградиме генерации кои поседуваат вредности како што се недисриминација, толеранција и почитување на различностите во општеството, рече министерот.


Шаќири укажа дека и покрај медијаторската помош, проектната поддршка и стипендиите, што сега се обезбедени, Министерството е тука да ги ислуша и прифати сугестиите кои водат кон зголемен образовен опфат на децата Роми, со што се зголемуваат можностите за нивна индивидуална и општествена реализација. Тоа е единствен правилен пат за надминување на предизвиците и за унапредувањето на правата на Ромите во нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Учениците ќе имаат и дигитални и печатени…

Министерот за образование Јетон Шаќири, одговарајќи на…

Русија го напушта Болоњскиот процес: Ќе се…

Русија го напушта Болоњскиот процес, воведува унифициран…

Азири “им го плесна” на ДУИ и…

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири…

По договорот на СОНК со Владата, СДСМ…

„Се потврди дека само преку дијалог може…

Министерот Шаќири: Квалитетното образование е приоритет на…

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири…