Ако јадете помалку бифтеци можеби ќе имате: Нема доволно пари за да се испечатат учебници за сите предмети, вели Шаќири!

t

Реално немаме пари за учебници по сите предмети во средното образование, вели за Детектор министерот за образование Јетон Шаќири. Тој додаде дека главна причина за доцнењето на учебниците биле воведените реформи и дека само одделенија кои учат по нова програма имаат проблеми со учебниците, додека кај другите ученици иако со задоцнување, тие сепак се доделени. Шаќири вели дека ќе вложи максимални напори да не се повтори повторно учениците да останат без учебници.

Според податокот кој сега го имам, не верувам дека целосно можеме да го затвориме стручното образование со учебници зашто се работи за многу предмети. Реално, за средното образование немаме за сите предмети. За основното се обезбедени за сите предмети и за новата концепција и делот што останува за средното образование ќе се надополнува, рече министерот за образование.

Шаќири рече дека се уште не се размислува за опцијата учениците сами да си ги купуваат учебниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Во учебниците ќе научат како сме…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Конечно – Се воведуваат стручна матура и…

Владата, на денешната седница, утврди текст на…

Денков бара промена на бугарските учебници по…

Бугарскиот премиер Николај Денков смета дека училишните…

Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…

Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…

МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…

Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…