Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денес е во посета на Словенија, каде што ќе учествува на состаноците на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMS.
-Секоја посета има посебна вредност кога ќе се сретнете со Македонците во дијаспората, кои и далеку од Македонија со љубов ги чуваат нашиот јазик, вера, традиција и нераскинливата врска со татковината. Токму затоа ми беше особена чест утрово, на покана на Македонската православна црковна општина „Света Троица“ од Крањ и Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ – Крањ, да присуствувам на Светата литургија и осветувањето на новата црковна канцеларија при Македонската православна црква „Света Троица“ во Крањ, објави Мисајловски.
Според него, овој свечен настан е уште еден силен доказ за нераскинливата врска со македонските корени што Македонците со гордост ги чуваат и негуваат, каде и да се наоѓаат во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мисајловски во посета на Словенија: Средба со…
Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денес…
Словенечкиот премиер најави пренасочување на 50 илјади…
Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави дека сака…
Филмска потера во Словенија: Ранил полицаец и…
Дваесет и едногодишниот осомничен бил фатен во…
Словенија ја укинува деветолетката по лошите резултати…
Словенија целосно ќе го реформира образовниот систем…
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…