Митовски: Ми нудеа ослободителна пресуда за да го кажам изворот, попрво ќе завршам во затвор отколку да го откријам својот извор

t

Во своето гостување во емисијата Јади Бурек на телевизија Сонце, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски истакна дека тој во никој случај не може да издаде службена тајна бидејќи никогаш во животот не бил службено лице.

Едноствано Митовски вели дека тој е јавноста, а службена тајна издал оној кој истата ја направил јавно достапна.

Во детали Митовски откри за што е осуден во своето гостување во „Јади Бурек“. Тој вели дека се работи за објавувањето на првата страница од исказот на бизнисменот Орце Камчев и текстот во кој се споменуваат голем број актуелни и бивши функционери на власта на СДСМ.

-Причината поради која сум осуден е објавувањето на првата страница на исказ даден обвинител на бизнисменот Орце Камчев во кој што исказ беше кажано дека тој бил рекетиран од страна на Бојан Јовановски, Катица Јанева, СЈО и на други лица кои беа вклучени во ситуацијата. Проблематично во тој текст беше што во друг исказ не оној на Орце Камчев стоеше името на премиерот Зоран Заев дека знае и бил во тек со операцијата која ја водат Боки и Катица, вели Митовски.

Веќе другиот ден по објавувањето на текстот, Митовски открива дека Зоран Заев ја најави кривичната пријава против него, а на таа изјава се надоврзаа голем број функционери кој најавија тужби. Наместо овие поединци против Митовски постапка покренал основното јавно обвинителство, додаде тој.

-Другиот ден веќе Зоран Заев најави дека ќе има кривична против мене, во тој текст беа споменети Шекеринска, Димитров низа фунцкионери и министри сите најавија дека ќе ме тужат. Попладнето Вилма Русковска ја потврди автентичноста на исказот и дека ќе се истражи како овој исказ дошол до мене, но не најави како дека мене ќе ме гони. Русковска како обвинител во најсериозното обвинителство за организиран криминал знае што е право и што е дефиниција во правото. Веројатно по притисоци врз редовното обвинителство одлучија да ме гонат мене, вели Митовски.

Митовски открива дека и покрај пресудата на апелација дека во постапката против него има сериозни повреди на правото и на неговите лична права, но сепак судијката Башевска се реши повторно да го осуди уредникот на Инфомакс со истите докази и во истата постапка.

-Оваа пресуда е донесена по втор пат и наспроти укажувањата на апелација кој што при првата моја жалба укажа дека пресудата која ја донесе судијката Љубинка Башевска има суштествени повреди на правото и на моите права во постапката, укажувањата на апелација беа јасни и беа во насока дека оваа пресуда треба да се укине и да се донесе нова пресудата која би била ослободителна. Башевска која важи за страствен поддржувач на политиките на оваа власт одлучи напатствијата на апелација да не ги земе во предвид и наместо тоа да донесе уште една осудителна пресуда во која ме осуди на шест месеци затвор или две години условно, вели Митовски.

За случајот Митовски потенцираше дека со Устав е забранета цензурата и тој не би смеел ваков голем скандал од јавен интерес да премолчи.

Тој открива дека му била понудена ослободителна пресуда во замена да го открие изворот, но никогаш не би го сторил тоа и по цена да заврши во затвор!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УШТЕ 70.000 ЧЕЧЕНСКИ БОРЦИ се подготвени да…

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека…

Голем успех: Сребро и бронза за македонските…

Од завршеното Светско првенство во кик бокс…

Лиз Трас смени министер бидејќи недолично се…

Британската премиерка Лиз Трас го смени министерот…

Сакам да сум денес динамит и сè…

Професорката по македонски јазик Билјана Котлар-Сакоман за…

Пентагон: Путин не донел одлука за употреба…

Пентагон оцени дека нема знаци дека рускиот…