Мицкоски за спорот со Бугарија: Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер

t

Сè додека сум јас премиер, додека не видиме испорака од бугарска страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски , алудирајќи на неспроведувањето на пресудите од Судот за човекови права од страна на Бугарија, по изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова, дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договореното од 2022 година.

Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми. Гледам дека изгледа ќе бидат првата држава што ќе добие мерки од Европската централна банка, бидејќи ги фалсификувале и ги лажирале извештаите за буџетскиот дефицит. Имаат големи проблеми со инфлацијата, со економијата генерално, па можеби сега бараат нова тема, а најдобра тема е радикализирани ставови кога станува збор за македонското прашање. Но, ние сме трпеливи, ќе работиме и ќе победиме како многу пати што сме победиле во историјата- рече Мицкоски.

Тој повтори дека земјава постојано нуди решенија.

-Ние нудиме цело време решенија. Софија пред себе има во минатото и други договори кои, за жал, не ги почитува, а тоа е, да речеме, потпишаната резолуција за заштита на човековите права. И на маса им стојат најмалку 14 пресуди што доаѓаат од Судот за човекови права во Стразбур, па тие не ги почитуваат. Е да, тие ќе ви кажат, „вие сакате да дојдете во клубот каде што сме ние“. Ние не сакаме да дојдеме во клубот каде што сте вие. Но, тоа е уцена и булинг. Ако веруваме и стоиме до европските вредности, тогаш треба да веруваме и стоиме до европските вредности, а ако тие мислат дека се таму и за ние да бидеме таму, треба да ги прифатиме нивните барања, тогаш оваа влада таа игра нема да ја игра и сè додека сум јас премиер, додека не видиме испорака од нивна страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар – истакна Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за спорот со Бугарија: Не можете…

Сè додека сум јас премиер, додека не…

Руското присуство во Бугарија: Речиси 11.000 недвижности…

Според истражување на бугарскиот медиум „Сега“, руски…

Мицкоски: Нашите позиции се јасни, некултурно би…

Нема ни милиметар да се отстапиме идентитетски,…

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

Бугарски медиум: Режимот доаѓа тивко, во зелени…

Една од најчесто користените пропагандни техники е:…