Руското присуство во Бугарија: Речиси 11.000 недвижности и над 7.800 компании
Според истражување на бугарскиот медиум „Сега“, руски државјани и компании поседуваат околу 10.954 недвижнини во Бугарија, а во земјата има регистрирани 7.854 трговски друштва во кои учествуваат руски физички или правни лица. Податоците се добиени од бугарската Агенција за впишувања.
Најголема концентрација на имоти има во општина Несебар, каде се регистрирани повеќе од 5.100 недвижности поврзани со руски сопственици. Значителен број има и во Варна, Бургас, Поморие, Банско, Созопол и Софија. Според достапните податоци, голем дел од евидентираните записи се внесени по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.
Истражувањето покажува и дека руско учество е регистрирано во илјадници бугарски компании, што претставува помалку од еден процент од вкупниот број капитални друштва во земјата. Воедно, Агенцијата за впишувања навела дека податоците може да не бидат целосни, бидејќи државјанството и седиштето не се задолжителни информации во сите регистарски постапки.
Во извештајот се наведуваат и случаи во кои биле одбиени регистрациски промени или трансакции поради санкциите на Европската унија кон Русија. Меѓу нив се обиди за промени во управувањето на руски државни имоти, активности на компании поврзани со санкционирани руски олигарси и регистрации на фирми чија дејност би можела да биде во спротивност со европските рестриктивни мерки
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…