Мицкоски: Нашите позиции се јасни, некултурно би било да го промениме ставот преку ноќ
Нема ни милиметар да се отстапиме идентитетски, нашите позиции се јасни, некултурно би било да го промениме ставот преку ноќ, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска од Гевгелија, каде беше прашан што очекува од средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта кој на 2 јуни доаѓа во Скопје.
Мицкоски вели дека Македонија и граѓаните на оваа држава премногу дале изминативе години за патот кон ЕУ, а за возврат не добиле ништо или многу малку, а сега повторно има билатерални барања за што, „не сме подготвени да влеземе во нова авантура“.
„За жал, вакви билетареални желби не сме подготвени да исполнуваме посебно по последните изјави на новоизбраниот премиер на нашиот источен сосед, кој гордо кажува дека година време му биле потребни како претседател на Бугарија да ги убеди шефовите на земјите членките на ЕУ дека е потребно да се промени Уставот и дека тоа е само еден обичен почеток, а бидејќи ја знам содржината од разговорот што го имаше нашиот министер за надворешни работи со неговата колешка од Бугарија, можам да кажам дека ова е само еден почеток на она што дополнително следи. Затоа ние немаме намера ни милиметар да се поместиме“, кажа Мицкоски кој во Гевгелија присуствуваше на отворањето на трговскиот центар „Мега шопинг парк“.
Тој кажа дека како Влада ќе продолжат со реформите и исполнување на критериумите за членство на европското смејство и ќе се бара решение кое нема да го допре достинството на македонските граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…