Мицкоски повика да не се наседнува на провокации, откако Радев најави разговори со Советот на Европа за Македонија
„Да не се наседнува на провокации кои се континуитет“ – Мицкоски реагира на најавата на Радев дека ќе разговара со генералниот секретар на Советот на Европа за односот кон Бугарите во Македонија.
Според премиерот, држава која одбегнува да спроведе повеќе пресуди на Судот за човекови права во Стразбур, најмалку има кредибилитет да коментира за човековите права во Македонија.
Порача дека ваквите пораки од Бугарија, имаат цел, македонската влада да возврати со, како што рече, потпалувачки речник, кој потоа би бил злоупотребен на меѓународната сцена.
Христијан Мицкоски премиер : Тоа се провокации кои што во континуитет ги слушаме. Тоа е се, само не- добрососедски односи. Најмалку има кредибилитет држава која што одбегнува примена на неколку десетии пресуди на судот за човекови права во Стразбур, да коментира за човекови права. Уште повеќе што ние немаме во суштина пресуда против државата која што вели дека ние како влада ги нарушуваме или некако штетиме на човековите права на граѓаните. Така што, многу внимателно треба да приоѓаме на ова, да не наседнуваме. Токму тоа сакаат тие.
Проблемите се продлабочуваат – нема промена во односот на властите во Македонија кон Бугарите во земјата, порача бугарскиот премиер Румен Радев вчера од Даблин. Најави дека на маргините на состанокот на Европската политичка заедница ќе ја отвори темата Македонија, со генералниот секретар на Совет на Европа Ален Берсе .
Румен Радев премиер на Бугарија : Ќе имам средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Исто така многу важна средба. Затоа што ние треба да помагаме и сите европски држави да придонесеме Советот на Европа се повеќе да се утврдува како гарант на демократијата, на човековите права , на владеењето на правото. И исто така уште еднаш ќе ја отворам темата што ја продолжуваме со него секој пат, а тоа е дека нема промена во односот на властите во Република Северна Македонија кон нашите сонародници во таа земја. Напротив проблемите се предлабочуваат.
Ова не е првпат Бугарија да го отвора прашањето пред Советот на Европа. Во септември и Илијана Јотова во Стразбур разговараше со Берсе, пренесувајќи го бугарскиот став дека препораките на Судот се спроведени и дека законските измени овозможиле регистрација на здруженија.
Советот на Европа го надгледува спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Од вкупно 16 пресуди против Бугарија за повреда на правото на слободно здружување на Македонците, 11 се однесуваат на ОМО „Илинден Пирин“, чија прва пресуда датира од 2001 година. Според доставениот текст, Бугарија не ги спровела ниту овие 11 пресуди, ниту преостанатите пет, добиени од други здруженија и подносители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски повика да не се наседнува на…
„Да не се наседнува на провокации кои…
(Видео) Полицајците добиваат боди-камери со вештачка интелигенција…
Сите полициски службеници кои работат на терен…
Вучиќ: Програмата на „Студентската листа“ е напишана…
Лидерот на листата „Единствена Србија“, Александар Вучиќ,…
Шефот на Мосад во Вашингтон, Нетанјаху бара…
Директорот на израелската разузнавачка служба Мосад, Роман…
Мајка држела туѓо дете за рацете, а…
Вознемирувачки инцидент бил пријавен во скопската полиција,…