(Видео) Полицајците добиваат боди-камери со вештачка интелигенција – МВР склучи договор со американската компанија „Аксон“
Сите полициски службеници кои работат на терен ќе носат телесни камери по примерот на американската полиција, откако Министерството за внатрешни работи (МВР) склучило петгодишен договор со американската компанија „Аксон“, добавувач на опрема за владини агенции за спроведување на законот.
Телесните камери според информациите на „Слободен печат“ ќе бидат доставувани сукцесивно, во наредните пет години, а првите се очекува да станат дел од полициската униформа на средината на 2027 година. Договорот не може да се пронајде на страницата на Бирото за јавни набавки, бидејќи е склучен во четири очи за оваа софистицирана опрема. Американската компанија „Аксон“ веќе има добиено тендер од американскиот Стејт Департмент за набавка на телесни камери во склоп на системот за обезбедување на амбасадата на САД во Скопје.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицајците добиваат боди-камери со вештачка интелигенција…
Сите полициски службеници кои работат на терен…
Вучиќ: Програмата на „Студентската листа“ е напишана…
Лидерот на листата „Единствена Србија“, Александар Вучиќ,…
Шефот на Мосад во Вашингтон, Нетанјаху бара…
Директорот на израелската разузнавачка служба Мосад, Роман…
Мајка држела туѓо дете за рацете, а…
Вознемирувачки инцидент бил пријавен во скопската полиција,…
Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се…
Во пресрет на 14 Ноември, Светскиот ден…