Мицкоски: Правата на Бугарите во Македонија се загарантирани со Уставот, но истото не се случува со Македонците во Бугарија
„Политиката се темели на разговори. Јас сум еден од оние политичари кои сакаат да разговараат сè додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај, ние ќе продолжиме да разговараме. Ги знаеме нашите црвени линии и во рамките на нив ќе се обидеме да најдеме решение“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Тој нагласи дека Уставот на земјата обезбедува сериозна заштита на правата за сите граѓани, вклучително и за бугарската заедница.
Во врска со изјавата на бугарскиот премиер Румен Радев дека ќе го поддржи проширувањето на ЕУ, но дека барањата за исполнување на обврските и заштита на Бугарите во земјата остануваат, Мицкоски рече: „Нашиот Устав обезбедува сериозна заштита за сите граѓани на државата, вклучително и за бугарската заедница. Не сум единствениот што го кажува ова, туку и Советот на Европа, кој се занимава со човековите права и поради оваа причина ја прекина својата мониторинг мисија во земјата. Човековите права за сите заедници и граѓани се загарантирани со нашиот Устав. Но, тука се отвора втората тема – што правиме со Македонската заедница во Бугарија, со оглед на тоа што Бугарија го ратификуваше почитувањето на човековите права, а постојано избегнува регистрација на здруженија на Македонската заедница, како што е ОМО Илинден Пирин, и покрај десетиците одлуки на Судот за човекови права во Стразбур.“
Мицкоски додаде дека партнерите треба искрено да разговараат и дека тој секогаш е расположен да разговара на оваа тема.
„Подготвен сум во секој момент да седнам и да разговарам, но за средба само заради средба, без ефект, не сум љубител на губење време. Очекувам дипломатски напори да ги приближат ставовите на двете страни, а доколку постои можност за приближување, тогаш сум подготвен да седнам со него.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Правата на Бугарите во Македонија се…
„Политиката се темели на разговори. Јас сум…
„Шкода“ изгоре во Куманово, сопственост на државна…
Автомобил „Шкода“, сопственост на државна институција, вчера…
Бесент им се закани на Иран и…
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, денес…
(Видео) Големи колони и нервоза на „Табановце“,…
Километарски колони се создадоа и денеска на…
Божиновска: Дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста се клучни…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,…