(Видео) Големи колони и нервоза на „Табановце“, возачи од странство и денес чекаат ред да платат казни од „Безбеден град“

t

Километарски колони се создадоа и денеска на граничниот премин „Табановце“ за излез од Македонија, откако профункционира системот „Безбеден град“ за возачите со странски таблички, па тие мораат да ги платат казните кои им се изречени пред да ја напуштат државата.

Според сведоштвата на возачи од Србија, се чекало и по неколку часа. Полицијата на самата гранична линија им врачува прекршочни платни налози за пребрзо возење евидентирано за време на нивниот транзит низ Македонија.

Од МВР велат дека метежот е последица на првиот ден од целосната имплементација на овој механизам, со кој се опфатени и претходно забележаните прекршоци.

Според полицијата, на секој возач кај кого е евидентирана неправилност му се издава записник со прекршочен платен налог. Целта на оваа мерка, како што истакнуваат властите, е обезбедување еднаков и неселективен пристап во санкционирањето, без оглед на тоа дали прекршителите се од Македонија или од странство. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за забрзување на процедурите, а контролата наскоро ќе се прошири и на останатите гранични премини низ државата.

Видеото погледнете го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…