Објавено на:

Млади вандали уништувале игралиште во Виница

t

Основното училиште „Гоце Делчев“ од Виница на социјалните мрежи објави дека малолетни вандали, од кои барем дел веројатно се ученици о школото, ги уништувале спортските игралишта, а тие биле јасно снимени од системот за видеонадзор.

Сега училиштето формирало комисија која ќе прави проценка, а доколку се утврди дека има штета, ќе ги објави снимките на „Фејсбук“, се вели во објавата.

„Сторителите се комплетно и јасно снимени од сите агли на видеонадзорот. Доколку се утврди штета, сите видеоматеријали и докази ќе бидат предадени во полицијата, а снимките ќе бидат јавно објавени на нашата фејсбук-страница“, велат од училиштето, додавајќи дека ќе бараат од родителите на младите вандали да ги покријат трошоците за евентуалната штета.

Училиштето ги повикува родителите да обрнат поголемо внимание на однесувањето на своите деца, нагласувајќи дека спортските игралишта се изградени за спорт, рекреација и дружење, а не за уништување.

„Нема да дозволиме неодговорни поединци да го уништуваат она што се гради со мака и труд за доброто на сите“, порачуваат од виничкото училиште.

Македонската јавност во изминатите месеци беше згрозена од повеќе случаи во кои ученици се изживуваат над детски игралишта и друга урбана опрема. Овој загрижувачки тренд беше забележан главно во Скопје, иако имаше и неколку случаи во другите градови. Последниот таков чин се случи во скопската населба Кисела Вода минатата недела, каде непознат сторител истури прегорено масло врз сите реквизити и врз клупите на детско игралиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млади вандали уништувале игралиште во Виница

Основното училиште „Гоце Делчев“ од Виница на…

Менувачница од Виница направила половина од прометот…

Менувачкиот бизнис во Македонија и натаму останува…

Мицкоски најави експресен пат Кочани–Виница–Делчево: Почнува подготовка…

Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности…

„Ова не е обична трагедија од пожар,…

Денеска и Виница маршираше за 63-те трагично…

Пронајдено тело со прострелна рана во близина…

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на…