Пронајдено тело со прострелна рана во близина на Виница
Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место во близина на Виница каде беше пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје. Со преземените дејствија до овој момент, лицето е идентификувано како ловочувар, кој бил дел од група за комерцијален лов. Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. Задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од групата за комерцијален лов и за кои се испитува дали биле инволвирани во пукањето. До целосно испитување на настанот тие ќе бидат обезбедени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…
Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…
Студентската листа во Србија бара оставки во…
Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…