Можеме да здивнеме? ЕВН Хоум ќе ја пресметува цената на струјата под контрола на државата!

t

Од следната година по истите формули што ги применуваше Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН Хоум ќе ја утврдува цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи. Оваа обврска ЕВН Хоум ја преземаод Регулаторната комисија за енергетика согласно новите измени на Законот за енергетика како Универзален снабдувач.

Пресметките што ЕВН Хоум ќе треба да ги прави за оваа категорија на потрошувачи ќе се одредуваатврз основа на влезни цени што ќе ги утврди Регулаторната комисија за енергетика, односно цените и тарифите за пренос (МЕПСО), дистрибуција (Електродистрибуција) и за операторот на пазарот на електрична енергија (МЕМО).

Тоа значи дека цената на струјата кај домаќинствата и малите претпријатија ќе се одредува по ист модел како и досега, под надзор на Регулаторната комисија за енергетика, од страна на ЕВН Хоум.

ЕВН Хоум ќе ја примени формулата што ќе ја добие од РКЕ, како и другите влезни параметри кои ќе ја одредат идната цена на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи. Под нивна надлежност остануваат цените и тарифите за пренос (МЕПСО), дистрибуција (Електродистрибуција) и за операторот на пазарот на електрична енергија (МЕМО). Регулаторот следната година ќе ги добие сите податоци и информации на увид пред цената да биде утврдена и истите ќе може да ги провери во кое било време.

На денешната прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши, истакна дека кај ЕВН Хоумќе биде само техничкиот дел додека крајниот збор ќе го биде кај Регулаторната комисија за енергетика и најави дека Министерството за економија ќе даде и писмено толкување на Законот за енергетика.

Промените во енергетскиот систем во областа на струјата се дел од регулативата која е поврзана со либерализацијата па пазарот и е во согласност со правната рамка на Европската Унија во оваа област. Регулативата предвидува целиот процес да заврши со слободен избор за снабдувач на секое домаќинство. Иако регулативата и сега го дозволува тоа, заради технички и социјално-економски причини оваа можност не се применува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…

Србија планира изградба и модернизација на 2.000…

Јелена Танасковиќ, в.д генерален директор на железничката…

Од следниот месец пензиите се зголемуваат за…

„Во мојот ресор за жал проблеми колку…