Србија планира изградба и модернизација на 2.000 километри железничка мрежа
Јелена Танасковиќ, в.д генерален директор на железничката инфраструктура на Србија, изјави дека планот е во наредните години да се изградат и модернизираат околу 2.000 километри пруги, со што, како што истакна, би се обновила речиси целата железничка мрежа во земјата.
Танасковиќ за весникот Блиц изјави дека целта е Србија да ја дочека специјализираната светска изложба EXPO 2027 со помодерна, ефикасна и побезбедна железница, пренесува Бета.
Според неа, најважно место во плановите зазема железничкиот Коридор 10, односно изградбата на брзата пруга Белград-Ниш.
„Станува збор за проект чија вредност се проценува на 2,8 милијарди евра. „Европската унија, со помош од 600 милиони евра за брзата пруга Белград-Ниш, се потврди како најголем и најзначаен донатор на модернизацијата на железничкиот транспорт во Србија“, рече Танасковиќ.
Таа најави и дека до крајот на месецот се очекува да започнат работите и на 22-километарската обиколница на железницата околу Ниш.
Танасковиќ истакна дека оваа обиколница ќе реши некои од клучните проблеми во овој дел на Србија.
„Прво ќе се реши прашањето за железничката клучка Ниш и возовите повеќе нема да минуваат низ центарот на градот, а безбедноста во сообраќајот ќе се подигне на повисоко ниво“, рече таа и додаде дека на овој начин ќе се создадат услови. за поголем транзитен сообраќај низ Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…