Објавено на:

Мртво тело на новинар пронајдено во Мексико

t

Независен новинар е пронајден мртов на северот на Мексико, како нова жртва во серијата од 13 убиства на новинари и медиумски работници годинава, соопшти денеска државното обвинителство.

Обвинителството во северната погранична држава Сонора објави дека тетоважите на телото, пронајдени во пограничниот град Сан Луис, одговараат на тетоважите што ги имал и новинарот Хуан Арјона Лопез, но се уште не е официјално потврдено дека тој е жртвата.

Сан Луис беше долго познат по медицинските и стоматолошките ординации каде доаѓаа Американците, се додека во последните неколку години овој дел од Мексико не стана сцена на насилни конфликти меѓу нарко-картелите.

Во март, доброволци пронајдоа 11 тела во тајни гробници во пустината во близина на Сан Луис, во близина на локална депонија за ѓубре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во Мексико: Силен земјотрес од 7,6…

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени…

Мртво тело на новинар пронајдено во Мексико

Независен новинар е пронајден мртов на северот…

(Видео) Хорор во Мексико: 11 лица загинаа…

Стотици мексикански војници се распоредени во пограничниот…

Мексикански научник е осуден на 4 години…

Федералниот суд во Мајами го осуди мексиканскиот…

Мексико ја отвора вратата за Асанж?

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави…