„Мртов-пијан“ кавадарчанец дивеел во домот на полноќ, фрлал предмети кон жената и малата ќерка

t

Агресивен жител на Кавадарци, кој бил под екстремно влијание на алкохол, е уапсен откако фрлал предмети кон сопругата и им се заканувал нејзе и на малолетната ќерка, соопшти полицијата.

„На 07.09.2026 во 01:10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Г.(37), постапувајќи по претходна пријава дека во домот во Кавадарци агресивно се однесувал, фрлал предмети кон неговата 31-годишна сопруга и им се заканувал на неа и на нивната малолетна ќерка. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека В.Г. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,97 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…

Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…

65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…

Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…

По вознемирувачкиот случај на физички и психички…

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…