МТСП ги смирува родителите: Градинките ќе продолжат да работат и покрај штрајкот

t

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега, информираат од МТСП.

-Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Македонија и Законот за заштита на децата на Република Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.

Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк, стои во соопштението од МТСП и се додава:

„По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

За Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

29 ноември скратено работно време за државната…

Врз основа на заклучоците донесени на 199…

Негувателката која им давала на децата да…

МВР денеска информира дека Отсекот за економски…

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…

Маж се заканувал дека ќе фрли бомба…

Полицијата во Сремска Митровица идентификувала и привела…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…