Герасимовски: Градинката Пролет изградена по светски стандарди, прва по 50 години и финансирана од општината
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека новата градинка Пролет која е прва по пет децении е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на дечињата и подостоинствени услови за работа на вработените.
,,Градинката Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Горд сум што инклузивноста и пристапноста на децата со попреченост е воспоставена во проектот на градба. Градинката ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености. Изградбата се одвиваше според предвидената динамика, брзо и непречено. Во месец март се надевам дека дечињата од населбите Пролет и Маџир Маало ќе бидат згрижени во оваа предучилишна установа”, рече Герасимовски.
Новата градинка Пролет има вкупна бруто површина од 3.276 метри квадратни и целосно е финансирана од Општина Центар во висина од околу 2.5 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка нападнала дете во игротека во Карпош
На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…
Детски цртеж открил страшно злоставување на деца…
Двајца вработени во училиштето „Мунај Валдорф Штајнер“…
(Фото) Родители: Децата се разболуваат поради влага…
Децата живеат во простории што имаат влага…
Дваесет и седум деца користат 20 квадрати…
Дваесет и седум децата седат во дваесет…
Мицкоски од Гевгелија: Пуштена е во употреба…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес пушти…