Надал со нов нoж во грбот на Ноле: Австралија Опен ќе биде одличен гренслем и без Ѓоковиќ

Додека е во тек борбата на Ѓоковиќ да остане во Австралија и да настапи на Австралија Опен во јавноста најголемо внимание со своите коментари привлекува Шпанецот Рафаел Надал.
Надал претходно неколку пати го критикуваше Ѓоковиќ, а сега одново даде таква изјава. Шпанецот порача дека не се согласува со работите што ги прави српскиот тенисер.
„Турнирот во Мелбурн е поважен и поголем од било кој тенисер. Австралија Опен ќе биде одличен гренслем и без него. Го почитувам Новак, но не се согласувам со многу работи што ги направи во последните две недели“, изјави Надал.
Ќе потсетиме, ако Ѓоковиќ настапи на Австралија Опен и дојде до титулата ќе има 21 освоени гренслем титули со што би имал една повеќе од Надал и Федерер на вечната листа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратеник „распали“ по инцидентот на граница: Напад…
Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски…
(Видео) Еве како Ангел Христов и останатите…
Неколку бугарски медиуми и провокатори на социјалните…
(Фото) Стојанче Ангелов: И јас сум Гоце…
Првиот човек на Центарот за управување со…
(Видео) Ништо не е случајно: Бугарски пратеник…
Инцидентот на граничниот премин Деве Баир кој…
Македонците од Пиринска Македонија го одбележаа роденденот…
Македонците од Пиринска Македонија го одбележаа роденденот…