Паравојската со дронови нападна два града во Судан – загинаа 19 цивили
Најмалку 19 цивили загинале, а 20 биле ранети во напади со дронови на суданските паравоени Сили за брза поддршка врз два града во покраината Син Нил, соопшти денеска организацијата за човекови права „Адвокати за итни случаи“.
Како што пренесе „Ројтерс“, според информациите на оваа организација, 19 лица, меѓу кои и шест жени, загинале во главниот град на покраината, Дамазин, каде што дроновите погодиле три станбени населби.
Загинатите и 15 од ранетите биле членови на три семејства. Уште пет цивили биле ранети претходно во текот на денот во градот Росеирес, каде што, според организацијата, дроновите ја нападнале браната и енергетските постројки.
Организацијата предупреди дека нападите на суданските паравоени Сили за брза поддршка (РСФ) би можеле да го нарушат снабдувањето со електрична енергија во целата покраина Син Нил, која граничи со Јужен Судан и Етиопија, како и да ја оштетат националната електроенергетска мрежа.
Жителите кои биле сведоци на нападите потврдиле за „Ројтерс“ дека тие се случиле, додека Силите за брза поддршка не одговориле на барањето за коментар.
Дамазин и Росеирес примиле жители кои избегале од судирите во другите делови на покраината, вклучувајќи ги областите Бау и Гејсан.
РСФ во август соопштија дека го зазеле Гејсан, на фронтот долж границата со Етиопија.
Војната меѓу суданската армија и Силите за брза поддршка започна во април 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Паравојската со дронови нападна два града во…
Најмалку 19 цивили загинале, а 20 биле…
Над 1.120 цивили загинаa во напади со…
Најмалку 1.120 цивили загинаа во напади со…
Најмалку 1000 луѓе загинаа во лизгање на…
Најмалку 1.000 луѓе загинаа во лизгање на…
Судан ја призна независноста на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи соопшти дека Судан…
Судан: Војската ја презема контролата над клучната…
Суданската војска тврди дека презела целосна контрола…