Најава за можен пpecврт во ЕУ: Koвид 19 треба да се третира како гpип

t

Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика своите европски колеги да разговараат дали Ковид 19 треба да се третира како ендемска болест, односно грип.

Причината зошто Шпанците размислуваат да го променат својот пристап е драстичниот пад на стапката на смртност по инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2. Предлогот на шпанскиот премиер е да се напушти системот на детално следење на новозаболените и нивните контакти и да се применува мониторинг како во случајот со грипот.

Но, како што пишува „Јутарњи лист“, прашање е дали во групата епидемиолошки неуспешни членки на ЕУ, меѓу кои Хрватска е дефинитивно во последниот бран, може да се спроведат пообични епидемиолошки мерки.

„Верувам дека имаме услови за внимателно и лесно отворање на дебатата на техничко ниво и на ниво на здравствени работници и на европско ниво за проценка на еволуцијата на болеста преку неколку параметри“, изјави Санчез за радиото „Кадена СЕР“.

Шпанскиот премиер потврди и дека нивниот здравствен систем веќе подготвил предлог за нов систем за следење во кој повеќе нема да биде потребно да се евидентира секоја нова инфекција и дека луѓето со симптоми нема нужно да се тестираат. Со други зборови, Шпанците подготвуваат премин од универзален надзор на епидемијата, кон ограничен надзор, како што изгледа кога е во прашање ширењето на грипот.

Владата веќе ги намали периодите на неопходна изолација, а тие се откажаа од карантин на цели паралелки во училиштата, пренесе Б92.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија ја скратува работната недела!

Шпанската Влада и двата најсилни синдикати во…

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија…

Шпанските власти соопштија дека бројот на жртвите…

Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин

Шпанската полиција денеска откри и заплени 13…

(Видео) Кралот на Шпанија го гаѓаа со…

Стотици луѓе протестираа против шпанскиот крал Фелипе…

Во Шпанија спасена жена која три дена…

Жената која три дена била заробена во…