Шпанската полиција разби синџир на трговија со луѓе во кој биле експлоатирани повеќе од 1.000 жени
Шпанската полиција разби синџир на трговија со луѓе во кој повеќе од 1.000 жени беа принудени да работат во стриптиз клубови минатата година, откако одговориле на лажни понуди за работа, при што уапсиле 48 лица во југоисточна Шпанија, соопшти денеска полицијата.
Се наведува дека меѓу уапсените има тројца водачи на тој синџир, две Колумбијки и една Шпанка, како и дека во рамките на акцијата биле затворени три стриптиз клубови.
Полицијата, исто така, запленила повеќе од 150.000 евра во готовина и ги замрзнала банкарските сметки со 938.000 евра.
Шестмина осомничени се задржани во истражен притвор, а останатите се ослободени со кауција во очекување на почетокот на судењето, според полицијата, пренесе Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека на жените, кои главно биле од Венецуела и Колумбија, им било кажано дека ќе работат како чистачки или во козметички салони, но дека по пристигнувањето во Шпанија биле префрлени во стриптиз клубови каде што биле принудени да работат.
Се посочува дека на жените им било дозволено да излегуваат само по два часа дневно и биле држени под видео надзор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…
Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…
Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…
Украина ќе добие нов пакет воена помош…
Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…
Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…
УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…
Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…
Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…
Италија и Шпанија денеска се согласија да…