Објавено на:

Најмалку тројца морнари загинаа во експлозија на брод на индиската воена морнарица

t

-Експлозијата се случила вчеравечер на бродот „ИНС Ранвир”, на пристаништето во Мумбај и во моментов се истражуваат причините за инцидентот, изјави портпаролот на морнарицата.

Портпаролот додаде дека екипажот на бродот веднаш реагирал за да ја стави ситуацијата под контрола и не била регистрирана поголема материјална штета.

Владини извори за индиските медиуми изјавија дека експлозијата, што се случила во внатрешен оддел на бродот, немала никаква врска со оружје или муниција.

„ИНС Ранвир” е меѓу најстарите воени бродови на индиската морнарица, јавија домашните медиуми. Бил изграден во поранешниот Советски Сојуз и пуштен во употреба во индиската морнарица во април 1986 година.

Командантот на индиската морнарица, адмирал Р Хари Кумар, им изрази сочувство на семејствата на морнарите кои загинаа во инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија нема да застане: Ова е…

Русија нема да застане во Украина, сите…

Нова криза во најава: Индија планира ограничување…

Индиските власти планираат да ги продолжат ограничувањата…

Повторно “врие” ситуацијата на границата меѓу Кина…

Ситуацијата меѓу Индија и Кина во западниот…

Заеднична вежба на морнариците на САД, Јужна…

Морнариците на Јужна Кореја, САД и на…

(Видео) Крави се шетаат низ владините згради…

Добротворните организации, кои управуваат со засолништата за…