Најмалку 19.300 лица хоспитализирани по земјотресот во Турција
Најмалку 19.300 жртви од земјотресот се згрижени во болниците во Турција, соопшти денеска Министерството за здравство.
Меѓу нив има 3.636 лица кои се на одделенијата за интензивна нега, соопшти Министерството.
Најмалку 8.851 пациент морале да бидат оперирани, а дел од нив веќе се отпуштени, јавува агенцијата Анадолија.
Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија пред една недела надмина 36.000, а десетици илјади луѓе се повредени, соопштија денеска властите.
Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), во Турција загинале најмалку 31.643 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…