Бомба фрлена врз куќата на директор на српско енергетско пртпријатие!
Рано утринава експлозивна направа била фрлена врз семејната куќа на Слободан Вујичиќ, директор на претпријатието „Про Тент“ во Обреновац, јавува РТС. Нема повредени, но на објектот е причинета материјална штета.
Нешто пред пет часот, непознат напаѓач фрлил експлозивна направа врз куќата на Вујичиќ. Според првичните информации од теренот, од силината на експлозијата биле искршени прозорците, а оштетена е и фасадата на објектот.
Припадниците на полицијата веднаш по пријавата пристигнале на местото на настанот и целосно ја блокирале улицата во која се наоѓа куќата. На увидот присуствува и надлежниот обвинител, додека полицијата интензивно работи на утврдување на сите околности на нападот и на пронаоѓање на сторителот.
Српските медиуми пренесуваат дека адвокатот Иван Ниниќ неодамна поднел кривична пријава против Вујичиќ и претпријатието „Про Тент“, поради сомневања за собирање таканаречени капиларни гласови, односно организирано обезбедување гласови за политички цели преку лични контакти и мобилизирање гласачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бомба фрлена врз куќата на директор на…
Рано утринава експлозивна направа била фрлена врз…
Вукелиќ тврди дека уредникот на Информер бил…
Заменик-главниот уредник на „Информер“, Дејан Вукелиќ, се…
Уапсен главниот уредник на ТВ „Информер“, Драган…
Во Белград денеска е уапсен главниот и…
„Македонија е и секогаш ќе биде дом…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски имаше средба…
ПУКАЊЕ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО КРАГУЕВАЦ!
Во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, ученик…